
Култен холандски клуб остана без лиценца, му се заканува згаснување
Фудбалската федерација на Холандија не му издаде лиценца за претстојната сезона што е преседан во тамошниот фудбал затоа што се работи за еден од најкултните клубови во земјата, со историја од 133 години.
„Загубата на лиценца на професионален клуб е тежок удар, не само за клубот, туку за холандскиот фудбал во целина. Разбираме дека ова е болно за навивачите на Витесе, но посакуваме ситуацијата да се среди најбрзо што може“, стои во соопштението од Фудбалската федерација.
Витесе има долгови од 19 милиони евра поради што шансите за спас во моментов се сведени на минимум. Долго време клубот беше филијала на Челси и таму се калеа младите фудбалери на лондонскиот клуб, но тоа се смени по заминувањето на Роман Абрамович бидејќи новото раководство одлучи да ја прекине соработката со сите филијали, па Витесе лани испадна во Втора лига и оттогаш почнаа големите проблеми.