
Синер се враќа - ќе ја брани титулата во Синсинати
Својот последен настап тој го забележа на Вимблдон каде ја освои титулата откако во финалето го совлада Карлос Алкараз, но потоа го откажа учеството во Вашингтон и на Мастерсот во Торонто. Одморот го помина на Сардинија и во Монте Карло каде што е во моментов, но утре патува за Синсинати на аклиматизација пред турнирот каде ќа ја брани титулата освоени лани.
Пред Синер е исклучително важен период бидејќи во Синсинати и на УС Опен брани вкупно 3.000 бода, додека неговиот најголем конкурент Карлос Алкараз брани само 60 и има голема шанса да го симне од челната позиција на АТП листата.