Спектакл во Црна Гора: Мекрегор пристигнува во Будва!

Најпознатата светска организација во бокс без ракавици (БКФЦ) во која член е и Македонецот, Гого Славески најави спектакл во Будва на 30 август каде што главната борба ќе ја има Васо Баковчевиќ.

Бакочевиќ ќе се соочи со Австриецот Вилхем Отом кој зад себе има искуство и во ММА. Пред главната борба ќе видиме и регионален дуел помеѓу Бојан Коседнар и Петр Ражов.

Дополнително спектаклот треба да биде зголемен и со присуството на Конор Мекгрегор кој е еден од сопствениците на организацијата БКФЦ заедно со Давид Фелддман.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Uros (@djikan98)

Иако, Мекгрегор не би имал борба самото негово присуство секако привлекува огромно внимание и дава поголемо значење на целиот настан.

Кога во прашање е боречкиот дел Бакочевиќ не е без искуство во БКФЦ и во оваа дисциплина има скор од 5-1.

Фото: Instagram / thenotoriousmma