
Детонација во Белград: Звезда договори довчерашен играч на Интер
Последните две сезони, Австриецот со српско потекло ги мина во редовите на Интер со кого во 2010 година освои титула во Лигата на шампионите што неговиот најавен премин во Звезда го прави уште поспектакуларен. Прегворите меѓу Арнаутовиќ и неговиот брат и агент од една и Звезда Терзиќ од друга страна траеја неколку недели и, очигледно, завршиле успешно, на задоволство на „црвено-белите“. Договорот ќе биде потпишан на две години, а финансиските детали уште не се објавени во јавноста иако се шпекулира дека Звезда ќе му плати повеќе од шест милиони евра за двете сезони.
Напаѓачот ќе дојде во Звезда како слободен играч откако на крајот од последната сезона си замина од Интер, а треба да биде големо засилување за белграѓани во обидот да изборат уште едно учество во Лигата на шампионите.
Минатата сезона Арнаутовиќ одигра вкупно 908 минути во тимот на Интер и за тоа време запиша седум гола и две асистенции. Беше стрелец и против Црвена Звезда на натпреварот што се одигра на „Џузепе Меаца“ во октомври минатата година.
Иако има 36 години, Арнаутовиќ уште се наоѓа во добра форма, а последните недели работел индивидуално со свој тренер и подготвен ќе ѝ се приклучи на Звезда.