
Нема опуштање, Вардар максимално работи пред реваншот со Ла Фиорита
И покрај тоа што на Градски победија со 3-0 и важат за апсолутен фаворит за пласман во следното квалификациско коло, фудбалерите на Вардар максимално сериозно си ја сфаќаат работата пред реваншот со Ла Фиорита.
Денеска работната задача беше одработена на стадионот на локалниот тим Пјетракута, а утре официјалниот тренинг ќе биде на стадионот на кој во четврток ќе се одигра мечот.
Натпреварот меѓу Ла Фиорита и Вардар се игра во четврток со почеток од 21 часот. Севкупниот победник од дуелот ќе се сретне со Лозана во второто квалификациско коло од Конференциската лига.