Никако да се заврши: Враќањето на Барса на „Камп Ноу“ пред ново одложување

Најавуваа медиумите во Шпанија дека Барселона ќе се врати на „Камп Ноу“ со натпреварите од Жоан Гампер“ трофејот на 10 август, сепак изгледа тоа нема да се случи.

Имено, иако на работите на стадионот има напредок, сепак реалноста е дека каталонскиот гигант нема да стигне да заврши се во дадениот рок.

Поради тоа клубот веќе започнува да планира отворање на реновираниот стадион со првиот домашен натпевар во Ла Лига кој е закажан за 14 септември против Валенсија.

Конечната одлука за тоа дали Барселона ќе може натпреварите од „Жоан Гампер“ трофејот да ги игра на „Камп Ноу“ ќе биде донесена до крајот на оваа недела, меѓутоа засега ситуацијата не изгледа оптмистична.

Во клубот вложуваат максимални напори, но сепак и понатаму има премногу работа како на првото, така и на второто ниво од трибините.

Првично во Барселона размислувале да го отворат стадионот за 60.000 гледачи, а потоа започнале разговори за добивање на дозвола со одредени ограничувања, односно присуство од 30.000 до 32.0000 гледачи, сепак во овој момент изгледа дека и тоа нема да биде можно и најверојатно ќе се чека почетокот на сезоната.

Фото: Barcelona F.C/X