Се појави фотографија од Шумахер која никогаш претходно јавноста не ја видела (ФОТО)

Информации за состојбата на легендарниот Михаел Шумахер ретко се појавуваат во јавноста и за неговата состојба по несреќата на француските алпи во 2013 година многу малку се знае.

Неговата сопруга Корина информациите ги држи во строга тајност и според изјавите на оние кои имале можност да го видат, Шумахер се наоѓа во вегетативна состојба и не може да зборува и да се движи.

Сега, наводно сопругата на Шумахер покажала фотографија од легендарниот возач за која голем број фанови сметаат дека никогаш не била видена претходно.

Германски „Билд“ тврди дека станува збор за фотографија направена помеѓу 2012 и 2013 година и таа фотографија Корина ја имала на позадина на својот мобилен телефон. Станува збор за црно-бел портрет од ликот на Шумахер.

Фото: EPA