Гави и Левандовски како мали деца покрај Јамал – Полјакот и се налути, па тргна на сила! (ВИДЕО)

Додека во фудбалскиот свет тема е роденденот на Ламин Јамал, младиот фудбалер се истакна и на тренингот на Барселона каде што „настрадаа“ неговите соиграчи Левандовски и Гави.

На своите официјални канали, Барселон објави видео кое брзо собра прегледи и лајкови, а причина беше дриблингот на Јамал кој дефинитивно вреди да се погледне и повеќе пати.

Имено, Гави и Левандовски заеднички тргнаа да ја земат топката од Јамал, но тинејџерот со еден одличен потег си поигра со нив. Интересна беше и реакцијата на Левандовски кој потоа му покажа малку сила на својот помлад соиграч.