Потпишан најголемиот договор во историјата на англискиот фудбал!

Додека е во тек летниот преоден рок, освен потпишувањето на договори со фудбалери, клубовите својата иднина ја обезбедуваат и со нови богати спонзорски договори, еден таков сега потпиша Манчестер сити.

Договорите кои се потпишуваат со спонзорите се на долг период со што на клубот носат многу пари, а во Манчестер сити со новата соработка со „Пума“ ги поместија границите.

„Пума“ од 2019 година е задолжена за спортската опрема на гигантот од Манчестер, а сега новата соработка има важност до 2035 година и до таа година клубот од „Етихад“ би требало да инкасира најмалку една милијарда фунти. Кога ќе се пресмета во евра таа бројка би се зголемила на 1.15 милиони евра. Тоа значи дека „граѓаните“ од „Пума“ на годишно ниво ќе добиваат нешто повеќе од 115 милони евра.

Ова претставува зголемување во однос на минатогодишниот договор кој на Сити му носеше околу 75 милиони евра годишно.