
Вардар добива големо засилување - репрезентативецот Дарко Велковски!?
Во следниот период се очекува официјализирање на потписот на македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски, чие доаѓање во црвено-црниот таборот, засега неофицијално, е веќе договорена работа. Станува збор за 30-годишен дефанзивец со големо интернационално искуство и со 55 средби одиграни за најдобриот национален тим. За него тоа би било враќање во тимот за кој настапуваше во периодот од 2015 до 2018 година, каде што дојде од матичниот Работнички. Тој потоа настапуваше за Ријека, Ал Етифак, Динамо Букурешт и Ниреѓихаза, каде што беше во вториот дел од минатата сезона.
Велковски и тоа како добро би му дошол на Вардар, особено за двомечот со Лозана во второто квалификациско коло во КЛ, каде што црвено-црните речиси реално е да се најдат со оглед на убедливиот триумф на првиот меч против Ла Фиорита.