Челси ја наполни касата: Петровиќ стана најскап српски голман (ВИДЕО)

Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ го напушти Челси и потпиша за Борнмут, а премиерлигашот плати 29 милиони евра за неговиот потпис.

Петровиќ го облече дресот на Борнмут и стана најскап српски голман во историјата, а се очекува во новиот тим да биде прв избро меѓу стативите.

„Дојдов во Борнмут зашто сакам да игра на највисоко ниво. Со овој тим мислам дека ќе го остварам тоа, сакам да помогнам во остварување подобри резултати и да напредувам секој ден“, кажа Петровиќ.

Србинот претходно бранеше за Челси, па замина на позајмица во Стразбур, по што реши да се врати во Премиер лигата.

Фото: Chelseafc.com