
Васоски: Верувам дека може да го елиминираме Дечиќ!
Тренерот Александар Васоски на прес-конференцијата кажа дека верува во квалитетот на своите избраници и смета дека Силекс има капацитет да го елиминира ривалот.
„Имаме негативен резултат од првиот меч, но мислам дека може да го елиминираме Дечиќ. Имаме квалитетен тим. Можеби на прв поглед делуваше лесен ривал од Црна Гора, ама Дечиќ е многу сериозен клуб. Сега пред нас се нови 90 минути, нема да брзаме. Треба да одиграме стратешки точно, да дадеме гол во првиот дел и потоа посилно да нападнеме. Ако ривалот се затвори, мечот ќе треба да го решаваат индивидуалци или прекини. Се надевам ќе го спроведеме планот, ама во фудбалот речиси никогаш еден плус еден не е два“, кажа Васоски.
Силекс ќе го пречека Дечиќ во Скопје на теренот „Петар Милошевски“ в четврток од 19 часот.
Фото: Facebook/ФК Силекс