
Готово: Тео Ернандез заминува, Милан ќе добие 25 милиони евра
Милан и саудискиот клуб се договориле за сума од 25 милиони евра, додека детали околу личните услови на фудбалерот засега не се откриваат.
Eрнандез италијанскиот гигант го напушта по шест години откако претходно пристигна во Милано во 2019 година од редовите на Реал Мадрид.
Низ кариерата францускиот лев бек беше дел уште од Атлетико Мадрид, Алвес и Реал Сосиедад.
Во Ал Хилал ќе соработува со Симоне Инзаги кој до завршувањето на изминатата сезона го предводеше градскиот ривал на „росонерите“, Интер.