
Пресврт во Мадрид: Ендрик може да остане, но само под еден услов!
Ендрик е напаѓач, меѓутоа тренерот Чаби Алонсо е подготвен за експеримент и планира да го користи Бразилецот како десно крило.
Бразилецот јасно кажа дека сака да остане кај „кралевите“, но проблемот беше минутажата, па сега Алонсо му нуди решение.
Младиот фудбалер минатата сезона настапи на 37 натпревари, при што постигна седум голови и една асистенција.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.