
Трајковски со емотивно писмо го испрати Ракитиќ во пензија
Трајковски со поранешниот фудбалер на Барселона и Севиља ја делеше соблекувалната во Хајдук каде што стана и одличен пријател со Ракитиќ.
„Денешот ден не е обичен бидејќи означува крај на едно убаво поглавје од твојот живот. Денес го напушташ теренот како фудбалер, но со себе го носиш она што низ годините секогаш го даваше: Страста, верноста, жртвите – и над сè, класата, на теренот и надвор од него.
За мене беше привилегија да се дели оваа година со тебе и многу научив, не само како соиграч, туку и како човек. Ме прими како брат и направи да се чувствувам посебен. Ти честитам на кариерата која ја изгради и на целите кои ги постигна. Денес престануваш да играш, но никогаш нема да престанеш да бидеш пример за сите нас. Среќно во се што те чека“, објави Трајковски.
Според најавите од хрватските медиуми, Ракитиќ ќе остане во Хајдук и со директорска позиција ќе се обиде да помгоне на клубот.