Интер Мајами ќе купи Аргентинец за да го убеди Меси да остане во клубот!

„Л’Екип“ објави дека Лионел Меси би можел да си замине од Интер Мајами, а тоа го вклучи алармот кај екипата од МЛС-лигата, која веднаш тргна во акција и пронајде начин како да го задржи Аргентинецот.

Интер Мајами почнал сериозни преговори со Атлетико Мадрид за трансферот на Родриго Де Пол, односно планира да плати 15 милиони евра за услугите на аргентинскиот фудбалер.

Трансферот на Де Пол во Мајами треба да го убеди Меси да остане во екипата од МЛС-лигата, иако интересот за него постојано се зголемува од Саудиск Арабија.

Меси е во одлични односи со Де Пол и тој му е еден од омилените соиграчи во репрезентацијата на Аргентина.

Фото: EPA PHOTO