
„Л'Екип“: Преговорите започнале, Меси може да го промени клубот!
Според последните информации на „Л’Eкип“ како што се наближува декември и потенцијалниот статус на Меси на слободен фудбалер, интересoт повторно расте. Иако деталните финансиски преговори засега не се објавени, саудијците се одлучни во нармерата да го доведат Меси.
Посебна причина е организацијата на Светското првенство во 2034 година. Челниците на Ал-Ахли, актуелниот освојувач на азиската Лига на Шампиони, веќе со недели рабтат на тоа да го убедат осумкратниот освојувач на Златната топка, од друга страна Интер Мајами прави се за да го задржи во МЛС лигата.
Меси неодамна го заврши настапот со Интер Мајами на Светското клупско првенство и ја продолжи сезоната во МЛС лигата каде што во минатото коло постигна два гола. Ал Ахли последната сезона ја заврши на петтото мессто во првенството.