
Ѓоковиќ го загуби првиот сет, па го распарчи Де Минор за четвртфинале на Вимблдон
Ѓоковиќ одигра сет за заборав и загуби со 1-6 од Де Минор, меѓутоа српскиот тенисер се разбуди во продолжение и во следниот славеше со 6-4 за да израмни на 1-1 во сетови.
Србинот беше одличен и во продолжение од средбата, па ги доби следните два сета со по 6-4 и за три часа и 20 минути го елиминира Де Минор од Вимблдон.
Ѓоковиќ во четвртфинале ќе се соочи против Флавио Коболи, кој претходно славеше против Марин Чилиќ.
Фото: EPA PHOTO