
Ниту Ѓокереш, ниту Осимен: Манчестер јунајтед купува напаѓач од Шпанија
„Црвените ѓаволи“ долго време се поврзуваа со Виктор Ѓокереш и Виктор Осимен, меѓутоа гигантот од Манчестер решил да ангажира поинакво засилување во нападот, а станува збор за Луис Суарез од Алмерија.
Колумбиецот има 27 години, а минатата сезона настапи на 43 меча за Алмерија и постигна 31 гол и осум асистенции.
Фото: Facebook/Manchester United