Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Евробаскетот (ФОТО)

Кошаркарската репрезентација на Словенија го објави поширокиот список за Евробаскетот, кој ќе се одржи од 27 август до 14 септември, а главна ѕвезда на тимот треба да биде Лука Дончиќ.

Селекторот Александар Секулиќ објави список со 19 кошаркари, а освен Дончиќ на него се наоѓаат и Клемен Препелиќ, Зоран Драгиќ и Џош Нибо.

Словенија на 23 јули ќе ги почне подготовките, а во период од 8 до 21 август ќе одигра пет пријателски натпревари.