Алонсо брзо се снајде по заминувањето од Битола - потпиша за Лајпциг!

Шпанскиот стратег, Раул Алонсо изненадувачки по само седум месеци ги напушти редовите на македонскиот шампион Пелистер, а кариерата ќе ја продолжи во Лајпциг.

Во објавата за раскинувањето на договорот со битолскиот клуб нагласи дека причина за прекинот на соработката се семејни причини, меѓутоа очигледно дека шпанскиот стратег имал договор со бундеслигашот. 

Договоорт кој Алонсо го потпиша со Лајпциг е со важност од две години.

„Многу сум среќен поради новата задача во Лајпциг. Клубот и градот оставија многу добар впечаток кај мене, исто како и разговорите со Карстен Гинтер и Бастиан Рошек. Им благодарам за довербата и се радувам што наскоро ќе работам со тимот и верувам дека заедно чекор по чекор можеме да напредуваме“, изјави Алонсо.

Засега не е познато кој ќе биде неговиот наследник во Битола кој ќе има задача да ја одбрани шампионската титула во првенството до која Алонсо стигна во својата прва и единствена сезона на клупата на Пелистер.