Роналдо уживал на јахта за време на погребот на Жота (ФОТО)

Диого Жота и неговиот брат загинаа во Шпанија во сообраќајна незгода, а на неговиот погреб не се појави сонародникот Кристијано Роналдо, кој доби голем број навреди и критики преку социјалните мрежи.

Сестрата на Роналдо објави дека Португалецот не бил на погребот за да не привлече непосакувано внимание, по што целата ситуација се претвори во циркус бидејќи се појавуваа нови шпекулации за тоа каде бил фудбалерот.

„Дејли Мејл“ објави фотографии како Роналдо ужива на јахта на Мајорка заедно со неговата партнерка Георгина Родригез и децата еден ден по погребот на Жота, а се шпекулира дека тие веќе биле заминати на одмор кога беше најавено последното збогување со починатиот фудбалер.