
„Ракитиќ ќе остане запаметен како легенда, заврши една неверојатна ера“ (ВИДЕО)
Екипите испратија емотивни пораки со кои му се заблагодарија на Ракитиќ за сè што направи за нив во текот на кариерата.
„Ракитиќ ќе остане запаметен како легенда, која својот талент го стави во служба на тимот и му помогна да има еден од најуспешните периоди во историјата“, соопшти Барселона.
Ракитиќ играше за Барселона од 2014 до 2020 година, додека дресот на Севилја го носеше од 2011 до 2014, па од 2020 до 2024 година.