
Му донесе на Мексико трофеј, па со прославата го расплака – целиот свет (ВИДЕО)
Тој на теренот излезе во дрес со бројот 20 со името Диого Жота, а еден од головите го посвети токму на португалскиот репрезентативец, кој неодамна загина во сообраќајна несреќа. Хименес го изедначи резултатот во 27. минута, а потоа, со поглед кон небото покажа дека голот му го посветува на својот поранешен соиграч и голем пријател. Овој момент расплака илјадници навивачи ширум светот, кои на социјалните мрежи го нарекоа „двоен херој“ – поради голот, но уште повеќе поради човечноста.
Натпреварот започна со водство на САД, благодарение на голот на Крис Ричардс во 4. минута, но Мексико направи пресврт преку Хименес и победничкиот погодок на Едсон Алварез во 78. минута. Браќата Диого Жота и Андре Силва, пак, во саботата беа погребани во родниот Гондомар во Португалија.