Македонец испиша историја во САД - постигна четири гола за 12 минути! (ВИДЕО)

Фудбалерот од САД со македонско потекло, Милан Илоски одигра неверојатен натпревар за Сан Диего и постигна дури четири голови против Ванкувер (5-3) во МЛС-лигата.

Илоски ги постигна головите во рок од само 12 минути со што се запиша во историјата на клубот од МЛС-лигата.

Талентираниот фудбалер досега настапи на 11 меча во МЛС-лигата, односно одигра 203 минути, при што запиша пет голови.

Фото: Facebook/San Diego FC