Србин и Американец му донесоа победа на Израел на стартот на ЕП 2025!

Кошаркарската репрезентација на Израел триумфираше во денешната пресметка против Исланд (83-71) во првиот натпревар на ЕП во групата Д што се игра во Катовице (Полска).

Најзаслужни за победата беа натурализираниот Американец, Роман Соркин, кој постигна 31 поен (13/19 од игра, 4/7 за три) и собра пет скокови, како и Дени Авдија, кој има српско потекло и кој дополни со 20 поени (5/12 од игра, 9/11 од линијата за слободни фрлања) и девет скокови. Кај поразениот состав се истакнаа Елвар Фридриксон со 17 поени, три скокови и три асистенции, како и Тригви Хлинасон со дабл-дабл учинок – 13 поени и 14 скокови.

Израел уште од самиот почеток го контролираше мечот, иако Исланѓаните во првото полувреме успеваа да одржуваат приклучок. Пресудна беше серијата од 15-2 на стартот од второто полувреме, со која избраниците на Ариел Беит-Халами ја презедоа комплетната иницијатива. Исланд успеа во третата четвртина да ја спушти негативата на едноцифрена, но Израелци со нова серија во завршницата ја потврдија заслужената победа.

Во следното коло, Израел ќе игра против Полска, додека Исланд ќе се сретне со Белгија, двата меча се закажани за в сабота.