
Медведев жестокот казнет за оралниот секс на терените во Њујорк!
Русинот ќе плати 30.000 долари за неспортско однесување и дополнителни 12.500 долари за кршење рекет. Инцидентот се случи во текот на третиот сет, кога дојде до прекин и жесток судир на Медведев со судијата и со публиката. Прекинот беше предизвикан од фотограф кој по грешка влезе на теренот мислејќи дека мечот е завршен, а главниот судија му дозволи на Бонзи повторен прв сервис.
Медведев жестоко протестираше: „Дали си човек? Зошто се тресеш? Очигледно си платен по меч, а не по час!“, изјави тој кон судијата, по што навивачите почнаа да го исвиркуваат.
Иако успеа да се врати и да го освои третиот сет во тај-брејк, а потоа и убедливо четвртиот со 6-0, Русинот не ја задржа предноста. Бонзи го доби решавачкиот сет со 6-4 и обезбеди пласман во второто коло. По поразот, Медведев влезе во нов конфликт со публиката, искрши рекет и со рацете направи непристоест гест (симулација на орален секс) кон трибините, со што го заокружи својот скандалозен настап во Њујорк.