Франција ја декласира Белгија, Кипар беше лесен залак за БиХ

Денеска беа одиграни уште два натпревари од Евробаскетот, при што до првите триумфи стигнаа Франција која ја надигра Белгија (92-64) и Босна и Херцеговина беше подобра од Кипар (91-64).

Французите ја најавија победата уште на самиот почеток, откако ја добија првата четвртина со 18-10, а до полувреме предноста се зголеми на 43-27.

Белгија во вториот дел не успеа да фати ритам, па разликата постојано растеше до конечни 92-64 и триумф на Французите. Кулибали и Окобо постигнаа по 12 поени за Франција, додека Ванвијн запиша 13 поени за Белгија.

БиХ немаше никакви проблеми против Кипар, па шампионатот го почна со убедлив триумф од 91-64, а најдобар на паркетот беше Јусуф Нуркиќ со 18 поени.

Фото: fiba.basketball