Само часовите го делат Миовски од потпис со Глазгов Ренџерс за – пет милиони евра!

 

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е на чекор до трансфер во шкотскиот гигант Ренџерс, јавува „Мундо Депортиво“.

 

Според шпанските медиуми, клубовите постигнале договор за отштета од три милиони евра, со можност таа да достигне пет милиони евра преку бонуси. Миовски треба да потпише четиригодишен договор. Напаѓачот минатото лето од Абердин се пресели во шпанска Џирона за 6,8 милиони фунти, но не успеа да се наметне во Ла Лига. Во 23 настапи постигна само четири гола, па каталонскиот клуб е подготвен да се раздели со него.

Ренџерс се во потрага по засилување во нападот откако сезоната ја започнаа слабо и доживеаја тежок пораз од Клуб Бриж (9-1 вкупно) во квалификациите за Лигата на шампионите.