Само жени и деца ќе може да ја гледаат Црвена Звезда во Нови Пазар!

Фудбалерите на Нови Пазар в недела ќе го пречекаат актуелниот шампион на Србија – Црвена звезда, во меч од 7. коло од Суперлигата на кој поради казна нема да присуствуваат најверните навивачи, па трибините ќе бидат отворени исклучиво за жени и деца до 15 години.

Овој необичен амбиент значително ќе ја промени атмосферата на стадионот, но клубот порачува дека поддршката нема да изостане.

„Трибините ќе бидат затворени за сите освен за дамите и децата до 15 години. Но, тоа за нас не е пречка! Вие веќе покажавте дека можете да го надгласате противникот и да го носите Пазар во срцето. Во недела ни гостува шампионот – Црвена звезда, а веруваме дека стадионот ќе биде полн и гласен“, порачаа од клубот.

Натпреварот помеѓу Нови Пазар и Црвена звезда започнува во недела во 19.30 часот.