
Репрезентативец на Македонија направи трансфер во Франција
Во прашање е клуб кој се натпреварува во Првата лига што е второ по ранг натпреварување во Франција.
Младеновиќ со Кретеј ставил потпис на договор од две години.
„Можеме да потврдиме дека потпишавме двегодишен договор со Михајло Младеновиќ. Во потрага бевме по лев бек кој би се надополнувал со Давид Иглесијас и стручниот штаб се одлучи за Младеновиќ“, истакнаа од клубот.
Од клубот информираат и дека македонскиот ракометар поминал неколку недели во кои бил на проба. Минатата сезона, Младеновиќ ги бранеше боите на Алкалоид со кој успеа да дојде и до освојување на ЕХФ Европскиот куп.