Трансферот пред реализација: Чави Симонс пристигна на потпис

Чави Симонс веројатно ќе биде еден од фубалерите кои ќе ја променат средината во финишот од преодниот рок, а како што стојат работите негова следна дестинација ќе биде Лондон.

Имено, Холанѓанецот веќе пристигнал во овој град, а претходно потврди дека сака да го напушти Лајпциг, сепак и понатаму не е познато кој клуб ќе биде негова следна дестнација.

Во најголем дел од преодниот рок Симонс се поврзуваше со Челси, но во последните денови во трката се вклучи и Тотнем.

Спарс се во потрага по фудбалер од средниот ред откако Арсенал им го „украде“ Езе, како опција за „петлите“ се споменуваше и Савињо од Манчестер сити.

Од друга страна Челси ќе добие пари за Нкунку и според последните информации тој трансфер е веќе договорен, па така се отвора простор за Симонс, но останува да видиме како на крајот ќе заврши целата ситуација.

Фото: Leipzig/X