
Шпанија само еднаш водеше, Грузија сигурно до стартна победа!
Грузијците заслужено стигнаа до победата бидејќи беа подобриот тим во текот на целиот натпревар, а Шпанија само во еден момент беше во водство. Многу брзо уште некаде на средината од првата четвртина Грузија стигна до двоцифрена разлика (19-9). Шпанија до крајот овој период сепак успеа да се врати резултатски и да намали на 20-17.
Во вториот период видовме најизедначена игра, а во него пред крајот Шпанците и го имаа единственото водство (32-33). Грузија до крајот на паузата сепак направи пресврт и на одмор замина со 37-35.
Второто полувреме донесе посигурна игра на Грузија кој не се „одлепуваше“ премногу, но констатно одржуваше предност од најмалку шест-седум поени.Натпреварот беше решен кога на нешто помалку од пет минути до крајот Грузија одново дојде до водство од десет поени (70-60).
Од тој момен беше прашање само со колкава разлика Грузија ќе слави и на крајот тоа го направи со 14 поени разлика.
Најефикасен кај Грузија беше Александар Мамукелшвили со 19 поени, 15 додаде Битадзе, а 13 Шангелија. Кај Шпанците најрасположен со 13 беше Хернангомез, а го следеа Аладама со 12 и Бризуела со 11.
Во вториот меч денеска, Израел без поголеми проблеми го совлада Исланд (83-71).