
Финалето во Лигата на шампионите веќе нема да почнува во 21 часот
Имено, од оваа сезона големото финале во најелитното европско натпреварување кое во последните години редовно почнуваше во 21 часот сега ќе стартува од 18:00.
„Одлуката е донесена со цел да се подобри севкупното искуство од натпреварот за навивачите, тимовите и градовите-домаќини, преку оптимизација на логистиката и операциите на денот на натпреварот, додека истовремено се обезбедуваат неколку конкретни придобивки. Нашата цел е денот на натпреварот да го направиме навистина пријатно искуство за сите што сакаат да бидат дел од возбудата, создавајќи гостопримлива атмосфера која им овозможува на семејствата и децата полесно да присуствуваат на најголемиот и најважниот клупски фудбалски натпревар во сезоната,“ порачаа од УЕФА.
Да потсетиме, претходно УЕФА го воведе терминот од 21 часот како замена за терминот од 20:45 часот, кој беше во сила до сезоната 2018/19.
Фото: UEFA