Хит снимка: Јунајтед губи 2-0 од Гримсби, а Аморим си игра како мало дете! (ВИДЕО)

Meнаџерот на Манчестер јунајтед е под голем притисок од јавноста уште на стартот од сезоната откако неговиот тим вчера доживеа елиминаиција од четвртолигашот Гримсби во Лига купот.

На социјалните мрежи по овој пораз на „црвените ѓаволи“ се појави и кратко видео од 62. минута на кое се гледа како Аморим поместува мали магнети по плочата намената за покажување на тактиката на фудбалерите.

Во тие моменти врнеше силен дожд, а Манчестер јунајтед имаше негатива од 2-0, па снимката брзо стана вирална на социјалните мрежи.