Готово: Милан договори напаѓач, ќе плати 35 милиони евра

Како што стојат работите, трансферот на Кристофер Нкунку во Милан е завршена работа.

Милан успеа во период од само 24 часа да го договори овој трансфер, а двете страни се договориле за отштета во износ од околу 35 милиони евра.

Кога во прашање се личните услови на фудбалерот, Нкунку прифатил петгодишен договор, платата не се открива, меѓутоа Италијанците наведуваат дека ќе биде пониска од онаа која ја имал во Челси.

Нкунку летово ќе биде седмото засилување за „росонерите“, но не се исклучува можноста до крајот на преодниот рок да пристигне и уште некое ново име.

Претходно Милан го договори Бонифејс од Баер Леверкузен, но тој трансфер пропадна откако фудбалерот не ги помина лекарските прегледи, па во Милано мораа да бараат алтернатива.

Фото: Lega Serie A/X