
Шкендија денеска може да го повтори успехот на Вардар!
Бугарскиот шампион влезе во двомечот со шампионот во ПМФЛ како фаворит, но Шкендија во Скопје покажа квалитет и одигра одличен натпревар во кој заслужено славеше победда од 2-1.
На вчерашната прес-конференција пред натпреварот стратегот, Јетон Беќири истакна дека фаворитската улога ја препушт на противникот, но сепак верува дека неговиот тим може да дојде до место во Лигата на Европа.
„Hие веќе постигнавме нешто, но мора да бидеме „гладни“ и да веруваме дека можеме да се пласираме во Лига Европа. Лудогорец е фаворит, но во фудбалот не победува секогаш фаворитот. Видовме многу примери каде тимови со многу поголем буџет и квалитет биле елиминирани. Затоа ќе влеземе со целосен респект, но и со верба во сопствените сили“, изјави Беќири.
Aко тетовскиот клуб успее да ја одбрани предноста во Разград, ќе стане само вториот клуб од Македонија кој учествувал во второто по ранг европско натпреварување. Претходно, прв кој дојде до ваков успех беше Вардар во 2017 година.
Ќе потсетиме, во случај на елиминација, Шкендија продолжува во Конференциската лига.