
Манчестер јунајтед не жали пари: Испрати нова понуда за Мбуемо
„Црвените ѓаволи“ веќе потрошија околу 78 милиони евра со трансферите на Матеус Куња и Диего Леон, но немаат намера тука да застанат. Тренерот Аморим е сериозно заинтересиран за Мбуемо, па така до Брентфорд сега пристигнала понуда вредна 70 милиони евра. Првата изнесуваше 53 и 11 преку бонуси.
Сепак, Манчестер јунајтед не е eдинствениот заинтересиран, тука е и Тотнем кој неодамна на клупата го доведе поранешниот тренер на Брентфорд, Томас Франк со кого Мбуемо играше во најдобра форма во кариерата.