Интер Мајами и Палмеирас си „наместија“ реми – одиграа како Шведска и Данска на ЕП 2004! (ВИДЕО)

Екипите на Интер Мајами и Палмеирас одиграа реми 2-2 кое им одговараше на двете за пласман во осминафиналето од Светското клупско првенство.

Американците имаа водство од 2-0 со головите на Алијанде и Суарез во 16.тата и 65-та минути, но Палмеирас со два гола во самата завршница успеа да израмни.Прво Паулињо стрелаше во 80-тата минута, па Маурисио десет минути подоцна.

Ова реми потсети на дуелот помеѓу Шведска и Данска на Европското првенство во 2004 година. Тогаш во последното коло од групната фаза, на Шведска и Данска им требаше реми од 2-2 за и двете да одат понатаму, а Италија да ги пакува куферите и да испадне, па тоа на теренот и се случи.

Интер Мајми во осминафиналето ќе се соочи поранешниот клуб на Меси, Пари Сен Жермен, додека Палмеирас ќе оди на бразилска пресметка со Ботафого.

Во вториот натпревар помеѓу Порто и Ал Ахли од каде што никој немаше шанси за осминафинале поради ремито на Интер Мајами и Порто видовме уште едно реми со дури осум погодоци 4-4. За Ал Ахли хет-трик поситнга Абу Али, а еден гол беше дело на Бен Ромдхане, додека за Порто стрелаа Пепе, Мора, Саму и Вилијам Гомеш.