Омерагиќ се сретна со Инфантино: Потребни ни се мали стадиони со добри терени, не трибини без публика!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ се сретна со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино во рамките на официјалниот самит на Светската фудбалска асоцијација во Мајами, САД.

Од ФФМ информираат дека на средбата се разговарало за идните правци во развојот на фудбалот во Македонија и поддршката од ФИФА.

Претседателот Масар Омерагиќ вели дека Македонија ќе инвестира во терени, рефлектори, во создавање на услови за развој на фудбалот, а не во големи стадиони на кои трбините се обично празни.

„Нашата визија се мали, но квалитетни стадиони. Не трибини без публика, туку терени, таму каде што почнува фудбалот,“ порача Омерагиќ. 

Овој пристап бил поддржан од Инфантоно кој посочил дека и ФИФА се залага за таква стратегија, подобро е мал, но квалитетен стадион, отколку голем објект без содржина.

На крајот од состанокот Омерагиќ го поканил Инфантино на официјална посета во Македонија.