Вардарци со полна пареа работат во Раденци, денеска ќе тестираат против словенечкиот шампион (ФОТО)

Фудбалерите на Вардар во Раденци, Словенија, ги одработуваат подготовките за наредната сезона која ќе започне порано поради настапот во квалификациите од Конференциската лига, денеска на програмата е и пријателски натпревар против Олимпија Љубљана.

Подготовките на Вардар се во полн ек, вадаровите фудбалери под водство на Гоце Седлоски со по два тренинга дневно се обидуваат да дојдат до идеалната форма пред почетокот на официјалните предизвици.

Денеска со почеток од 17:30 часот Вардар ќе одигра пријателски натпревар против словенечкиот шампион, Олимпија Љубљана.

Претходно Вардар со 3-0 славеше над црногорскиот шампион Будуќност. До крајот на подготовките црвено-црните ќе одиграат контролни натпревари со Марибор (24 јуни) и Рапид Букурешт (27 јуни).

Првиот официјален меч во новата сезона е на 10. јули во Скопје против екипата на Фиорита од Сан Марино во рамките од првото квалификациско коло од Конференциската лига.