Левандовски ќе ја игра последната сезона за Барса - во 2026 се сели во Саудиска Арабија!?

Еден од најдобрите напаѓачи на денешнината Роберт Левандовски ќе ја одигра последната сезона за Барселона откако во 2022 година дојде во каталонскиот клуб.

Поедини медиуми од Саудиска Арабија тврдат дека идното лето тој ќе ја напушти Каталонија и ќе се пресели во оваа азиска држава иако тоа е целосно против неговите сфаќања и идеи за кариерата. Многу пати досега Полјакот изјавуваше дека не постојат никакви шанси некогаш да заигра во Саудиска Арабија, без разлика на парите што ќе му бидат понудени оттаму. Дури и неговата менаџерска агенција веднаш ги демантираше овие наводи.

„Во моментов нема преговори помеѓу Левандовски и некој саудиски клуб, но не е исклучено тоа да се случи во следниот период“, објавија оттаму.

Левандовски дојде во Барселона во 2022 година и за три сезони освои две шампионски титули во Ла Лига и вкупно пет трофеи со каталонскиот клуб. Кога пристигна на Камп Ноу, Барса беше во очајна состојба, но тој беше решен да го оствари својот долгогодишен сон и да го облече дресот на „блауграна“.