
Трамп ги прими играчите на Јувентус и праша: Може ли жена да игра за вас?
Трамп ја следи ситуацијата меѓу Израел и Иран, кои веќе со денови разменуваат оган, а потоа најави дека би можел да ги нападне Иранците.
„Го прашав Такер дали е во ред Иран да има нуклеарно оружје. Му кажав ако е така, тогаш имаме различен поглед на тоа. Тоа значи дека мора да се бориме, но без оглед на тоа, нема да дозволам Иран да има оружје кое може цел свет да го уништи“, кажа Трамп.
Потоа реши да постави неочекувано прашање на фудбалерите и тренерот на Јувентус, откако пред неколку месеци потпиша наредба со која на трансродовите лица им се забранува настап во женски спортови.
„Дали сте имале жени? Можеби некоја жена игра во вашиот тим? Што мислите, може ли жена да игра за вас“, ги праша Трамп.