Новата сезона во Првата лига стартува на 8 август, едно коло ќе се игра три дена!

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одреди календарот за натпреварувачката сезона 2025/26.

Натпреварите од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе се играат во три дена, ќе почнат од петок, а ќе завршат во недела. 

Сезоната за прволигашите ќе започне на 8 август, а ќе треба да заврши на 24 мај.

Натпреварите од Втората лига ќе се играат како и досега, во сабота. Тие новата сезона ќе ја започнат на 23 август.

Куп натпреварите е предвидено да се играат во текот на работната недела (вторник, среда или четврток)

Целиот календар за новата сезона можете да го видите на овој ЛИНК.