Се појави снимка: Белингам против Ал Хилал го опцул судијата (ВИДЕО)

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам повторно е тема на коментари во јавност поради еден момент од натпреварот со Ал Хилал на Светското клупско првенство.

Реал Мадрид не успеа да слави притив саудискиот клуб и одигра 1-1, а на социјацалните мрежи се појави видео во кое Белингам го навредува судијата покрај аут линијата.

„Наша топка, наша топка, одј*би“, коментира Белингам.

Овој инцидент за кој англискиот репрезентативец помина без казна повторно ја отвори темата за во одредени моменти контроверзното однесување на Белингам.