Интер Мајами освои три бода: Меси со атрактивен гол го расплака Порто (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами триумфираа против Порто со 2-1 во второто коло од Светското клупско првенство, а најзаслужен за победата беше Лионел Меси.

Саму по само осум минути од пенал му донесе водство на португалскиот тим, но во вториот дел се случи целосен пресврт.

Сеговиа во 47. минута стрелаше за 1-1, а потоа Меси со мајсторски гол од слободен удар во 54. минута ја обезбеди победата за Интер Мајами.

Интер Мајами и Палмеирас имаат по четири бодови по две одиграни кола, додека Порто и Ал Ахли имаат по еден освоен бод.

Фото: Facebook/Inter Miami CF