Палмеирас подобар од Ал Ахли за прв триумф на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Фудбалерите на Палмеирас триумфираа против Ал Ахли со 2-0 во натпревар од второто коло на Светското клупско првенство, кој беше прекинат поради силно невреме.

Бразилскиот тим ги постигна двата гола во второто полувреме, односно Абу Али си постигна автогол во 49. минута, а набрзо погоди Флако Лопез за триумф од 2-0.

Палмеирас по две одиграни кола се наоѓа на првата позиција со четири бодови, додека Ал Ахли има еден поен, а Порто и Интер Мајами го играат својот меч во овие моменти (21.00 часот).