Се враќа дома: Капинковски пред промоција во Пелистер!

Македонскиот прволигаш Пелистер денеска направи промени во раководството, а наскоро на кормилото ќе биде промовиран тренерот Димитар Капинковски.

Капинковски се враќа во Пелистер за да му помогне на тимот во остварување на амбициите за следната сезона, иако во моментов работи и како селектор на репрезентацијата до 17 години.

Битолчанецот претходно работеше во Пелистер како помошник, но и главен тренер од 2020 до 2022 година, по што во кариерата ги тренираше Победа и Самтредија.

Пелистер минатата сезона ја заврши на шестата позиција во Првата лига со 39 освоени бодови.