
Гол-машина: Дориев повторно погоди за ново славје на Согдиана!
Единствениот погодок беше постигнат дури во завршницата на натпреварот, односно во 84. минута кога Дориев го пронајде патот до мрежата на гостинскиот тим.
Согдиана со оваа победа скокна до 12. место во шампионатот на Узбекистан, а македонскиот напаѓач стигна до седум погодоци и се наоѓа на втората позиција на листата со стрелци.