
Агон Елези се раздели со Горица и се враќа во Германија
Елези во хрватскиот тим настапуваше како позајмен фудбалер од Бохум кој оваа сезона не успеа да се избори за опстанок во Бундеслигата и наредната сезона ќе настапува во популарната Цвајт.
Засега не е познато какви се плановите на германскиот тим и дали ќе го задржи во своите редови за наредната сезона. Договорот кој го има Елези со Бохум е со важност до 2027 година.
Во својата кариера претходно Елези беше дел од Вараждин, Скендербег, Влазерими, Шкупи и Каен.